Судската администрација излегува на штрајк

0
462

Судската администрација од сите судови во Македонија на 23, 24 и 25 март ќе штрајкуваат. Според синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација штрајкот е резултат на неуспешните преговори со Министерството за информатичко општество и администрација за новите законски решенија.

Лани судската администрација одржа предупредувачки штрајк против некои решенија од Законот за администрација и Законот за судска служба.

 „По ланскиот предупредувачки штрајк беше формирана работна група за да подготви ново законско решение. Групата беше формирана и во дадениот рок е направен текст на новиот закон кој е испратен во министерството. Оттогаш немаме никаква информација за тоа дали текстот е разгледан во министерството, ниту, пак, некој не повика да поразговараме за текстот“, вели претседателот на синдикатот на УПОЗ, Пеце Грујовски.

Без коментари

LEAVE A REPLY