Судскиот совет ќе ги оценува кандидатите за претседател на Кривичниот суд и на Врховниот суд

0
244

Членовите на Судскиот совет на седницата ќе направат проверка на квалитетите и на условите што треба да ги исполнат четворицата судии кои се во трката за претседателското место во Кривичниот суд, актуелниот претседател Владимир Панчевски и неговите двајца противкандидати: Владимир Туфегџиќ и Иван Џолев. Членовите на Судскиот совет вонредно ќе ги оценуваат и ќе направат проверка на работата и на судиите кои се борат да седнат на чело на Врховниот суд, а тоа се: актуелната претседателка Лидија Неделкова и останатите кандидати за претседателската функција: Снежана Бајлозова, Беса Адеми и Јово Вангеловски.