Судско рочиште за шамарите во Центар

0
241

Поранешниот премиер Никола Груевски, пристигна на денешното судско рочиште за случајот поврзан со шамарите во Општина Центар.

Тој е првообвинет во случајот, а покрај него во судот се наоѓаат и екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и пратеничката и поранешна членка на советот во Центар, Даниела Рангелова.

Пред лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пристигнаа и обвинителите од СЈО, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Таму е и актуелниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, а пристигнаа и десетина вработени во Општината кои најверојатно ќе бидат сведоци.

Во случајот како докази ќе се користат и „бомбите“. Првин Кривичниот суд ги одби, но по жалбата на СЈО, Апелација пресече дека ќе важат за докази.

Без коментари