Сугаревски со поддршка за Петровска

0
791

– Денес сум во Битола и давам јасна и недвосмислена поддршка на Наташа Петровска, кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ. Владата на Р. Македонија ги поддржува сите проекти кои што се зацртани во изборната програма на кандидатот Наташа Петровска. Во наредниот период заедно со новата локална самоуправа во Битола ќе ги продолжиме сите активности не само кои што се сврзани во програмата на кандидатот туку и сите оние проекти кои се предвидени во владината програма. До крајот на месецот треба да се потпише договор со изведувачот на железничката пруга Битола-Кременица со тоа значи она фијаско кое беше претходно случено од страна на претходната власт ние зедовме обврска до крајот на следната година овој патен железнички правец биде завршен. Исто така во делот на патната инфраструктура сакам да кажам неколку работи. Прво дека ќе има реконструкција на патот Битола – Демир Хисар. Понатаму ќе има реконструкција на патот Битола – Меџитлија. Паралелно се работи на проектната документација на експресниот пат Прилеп-Битола-Меџитлија. Исто морам да потенцирам, и тоа имав прилика денес да го видам тука уште еднаш, а тоа се многу лошите влезови во градот Битола кои што градоначалникот со поддршка на централната власт мора да се направи за овој град биде она што навистина треба да биде а тоа е модерен европски град уште од самиот влез и се разбира и центарот на Битола. Затоа уште еднаш сакам да потенцирам, јасна и недвосмислена поддршка за кандидатот Наташа Петровска за која сум убеден дека веќе во недела вечер ќе биде градоначалник на Битола,изјави Горан Сугаревски Министер за транспорт и врски

Без коментари