Суштината и квалитетот на изборите се поважни од датумот на одржувањето

0
519

Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан во неделата порача дека „суштината и квалитетот на изборите се поважни од датумот на одржувањето“, посочувајќи го извештајот на Европската унија (ЕУ) и САД кој во неделата беше доставен до премиерот Емил Димитриев и лидерите на политичките партии.

Хан се огласи преку својот твитер профил, нагласувајќи дека треба да се прочита извештајот изработен од страна на ЕУ и САД, а според кој во моментот не постојат услови за одржување на предвремени парламентарни избори на 24-ти април, датум кој првично беше договорен и содржан во Пржинскиот договор.