Суспендирана почесна француска конзулка во Турција поради трговија со мигранти

0
222

Францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус ја суспендира почесната конзулка на Франција во Турција Франсоа Олчај, инаку сопственичка на продавница за опрема за пловење, која истата им ја продавала на бегалците.

Репортажата на француската телевизја Франс2, снимена со скриена камера, ја покажа сопственичката на продавницата и истовремено француска почесна конзулка, како во својата продавница во Бодрум, над која се вее француското знаме и има плоча на која пишува „Конзуларна агенција на Франција“, како им продава гумени чамци и елеци за спасувања на мигрантите и бегалците кои сакаат да заминат за грчките острови.
Во репортажата таа признава дека таа е вклучена во трговија со мигрантите, и не само таа, туку и турските власти. Запрашана зошто не прекинува со оваа практика, таа одговара дека ако таа прекине, други ќе го продолжат истото. Таа е на оваа функција од октомври 2014 година.