Свадба е…голема

0
8729

Еден од членовите на група Фонтана, Благојче Трајковски и избраничката на неговото срце Снежана Стефановска, ја имаа својата венчавка во ресторан Гранд Премиер.
Венчавките се едни од најзначајните денови во животот на еден човек, ден кога младите со свеченост за сите роднини, пријатели, соработници , ја одбележуваат својата љубов.
Ден кој ќе остане во сеќавање на сите присутни, а посебно на младите. Еве како на денот на својата венчавка се чусвтвуваше Трајковски, со оглед на тоа што тој преку групата Фонтана постојано сведочи на вакви убави настани, свирејќи на бројни венчавки, но овојпат во улога на младоженец.

Еден од членовите на група Фонтана, Никола Мицевски со своја честитка за венчавката на Благојче и Снежана.
Помеѓу присутните гости многубројни личности колеги, но пред се пријатели на Трајковски, од македонската музичка естрада меѓу кои Наум Петревски, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски, Зуица Лазова и други кои покрај што ја збогатија оваа веселба со своите песни, ги искажаа и своите честитки кон младите.

На Трајковски и Стефановска им посакуваме уште многу години да бидат среќни и заљубени како и на овој величенствен ден.