Свечена академија за роденденот на Битола

0
514

Викендов на Свечена Академија по повод празникот на Битола беа доделени 4-то ноемвриските награди. Наградата за животно дело ја доби Проф.д-р Трајко Огненовски ,познат универзитетски професор, докажан научник и лингвист.

– 4-ти Ноември е историски бедем на нашата борба, непрегор, симбол на вербата за поубаво утре. И денес одекнува оној 4-ти Ноември од 1944 година кога Седмата македонска бригада гордо, победнички, радосно маршираше по нашиот Широк Сокак бележејки крај на нечие човеково лудило. Тие луѓе, непоколебливи борци, на своите плеќи, со своите жртви ни го донесоа највредното – слободата и ведро небо,изјави Наташа Петровска градоначалник на Општина Битола

Беа доделени и едногодишни награди во неколку области: Д-р Васо Радивоевиќ, вработен во ЈЗУ Клиничка Болница „Д-р Трифун Пановски“-Битола, заради достигнувања од областа на здравствената заштита,Драган Најденовски – самостоен ликовен уметник, заради неговата огромна ангажираност на полето на ликовниот живот во Битола, и Менка Николовска, заради остварувања од областа на хуманоста и филантропијата.

-Во мое име и во име на другите добитници за Наградата 4- ти Ноември, за високите достигнувања од 2017 година им благодарам на комисиите кои одлучуваа, на општината која ги подржува стимулира и наградува вредностите во областа на културата, медицината, науката образованието, хуманоста итн. изјави Драган Најденовски, уметник

Годинава Општина Битола донираше 30 000 денари во Центарот за деца со аутизам во Битола.