Свечено менување на државното знаме кај претседателот Иванов

0
300

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе присуствува на церемонијата на свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија.

Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот на традиционален начин ќе го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.

Манифестацијата на промена на државното знаме е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

Без коментари