Свечено одбележан патронатот на НУУБ.Св.Климент Охридски Битола

0
717

НУУБ. „Св Климент Охридски“ со бројни активности го одбележа патрониот празник. Во рамките на манифестацијата беа претставени два најнови проекти кои оваа установа ја ставаат во рангот на современите светски библиотеки.

Свечено беше пуштена во употреба просторијата за музикалии .

Во рамките на манифестацијата беше промовиран проектот – секој има право да го разберат ,промоција на двд. со раскази проследени со толкување со знаковен јазик , како и проектот -техничко опремување на просторот за музикалии.

Со овие проекти се прави напредок кон социјалната интеграција и еднакви можности на лицата со оштетен вид, слух и говор, а просторот во библиотеката станува седиште на социјални случувања и активности од интерес за пошироката јавност.

Беа промовирани- Библиотечен тренд, списанието на библиотеката, Десетта роднокрајна средба на битолските роднокрајни писатели во Македонија-зборник на излагања и персоналната библиографија на Радован П. Цветковски.

Промотор на библиографијата беше Даниела Трајковска.

Наградата за читател на годината, оваа година отиде во рацете на Марија Јовановска.

Манифестацијата ја обогати настапот на учениците од државното средно музичко училиште од Битола.

Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” , е современа културна институција со книжен фонд од над 600.000 книги и бројни списанија, со тенденција за перманентно зголемување.

Без коментари

LEAVE A REPLY