Свечено отворање на „Браќа Манаки“ со премиера на филмот „Лазар“

0
494

Под мотото „Филмот е убав“  во наредните десет дена во Битола ќе се одржи 36-от Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Актерите Бруно Ганц и Алексеј Серебрјаков се добитници на специјалната „Златна камера 300“ за особен придонес во филмската уметност.

Отворањето е вечерва со светска премиера на филмот „Лазар“ во режија на Светозар Ристовски и е во знакот на 110 години творештво на Браќата Манаки.

Утре на „Браќа Манаки“ премиерно ќе биде прикажан  и документарно-играниот филм „Последниот Македонец-патот до истребување“ во режија на Илија Пиперковски.

Ќе бидат прикажани 215 филмови од 40 земји, а Битола ќе биде домаќин на безмалку 700 еминентни филмски работници, критичари и студенти.