Свечено отворен Битфест 2015

0
145
Со концертот на битолскиот камерен оркестар во салата на Народниот театар во Битола стартуваше јубилејното, десетто по ред издание на битолското културно лето „Битфест 2015″.
28062015124553 bitfest5
Програмата на „Битфест 2015″ ќе биде шаренолика и ќе содржи разни културни содржини, од детски програми до концерти на сериозна и популарна музика, ликовни изложби, театарски претстави, промоции на книги, и др.
Битолското културно лето им дава шанса на сите, без разлика на возраста и областа во која творат, со своите постигнувања да се престават пред битолчани. За време на оржувањето на фестивалот, Битола е отворена летна сцена на која покрај битолчани и бројните туристи имаат можност во зависност од своите афинитети да уживаат во настапот на бројните уметници и да проследат бројни културни содржини, нагласува градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
28062015124538 bitfest2
28062015124625 bitfest12