Свечено отворен фестивалот-Прозорец кон италијанскиот филм

0
188

Од 27- ми до 31- ви мај во Битола, во Центарот за култура се организира ревија на италијански филмови-Прозорец кон италијанскиот филм.
Во текот на фестивалот ќе бидат прикажани филмови од најновата италијанска продукција, кои третираат теми за актуелната состојба во италијанското општество и прашања кои го засегаат современиот човек, а фестивалот беше отвроен со филмот Големата убавина на Паоло Сорентино.

Italijanski_Film_-_2.jpg

Фестивалот е соработка на Амбасадата на Италија , јазичното студио Лингва и центарот за култура.

Наскоро ќе се снимаат и два нови филмови во италијанско македонска копродукција.

Italijanski_Film_-_3.jpg

Во текот на фестивалот љубителите на филмската уметност ќе имаат можност да ги погледнат филмовите-Сто клина на Ермано Олми, Места за стоење во рајот на Карло Вердоне,Добро утро тато и Некој вели не на Џампатиста Авелино.