Свечено отворена Connect Beach во Сливница

0
11561

Преспанчани, ресенчани, битолчани , гости од сите градови на Македонија, вип гости, иселеници ,старо, младо, на едно место, сите на свеченото пуштање во употреба на Connect Beach на плажата во Сливница на брегот на Преспанското Езеро. Првичната идеја дошла за да се обнови минатото и развој на Преспанското Езеро

conekt 1

-Се потрудивме Connect Beach да го отвориме вечерва. Цел простор е голем капацитет. Тука е ресторанот за 360 гости, кафичот со 450 гости. Направивме посебно рибен ресторан . Плажата е направена со 1000 лежалки, со 30 шеици и со платформа за посенбен вид на забава, изјави Томе Трампевски, сопственик на Connect Beach

alen hasanovic

На синоќешното отварање, забава за сечиј вкус. Ален Хасанович во рибниот ресторан а во дискотеката диџеј Ди Ен Ди.

conekt 2

Таква забава сопствениците најавуваат до крајот на летото. Секоја вечер музика во живо со естрадни уметници како Боемите, Нокаут, Деспина, Миле Кузмановски , Драган Мијалковски и многу други, како и денска шема со познати диџеи  во дискотеката на плажа. Ги направиле плановите и за до година

conekt 3

-До година сме во план да направиме и отворен базен, да организираме игри на вода, да набавиме скутрер, и ова место да добие лик каков што сакаме , додаде Трампевски

conekt 4
Меѓу  гостите и градоначалникот на Ресен. Тој најави туристичка експанзија за летово на брегот на Преспанското езеро

conekt 6
– Годинава со прекрасно уредените плажи на Преспанското Езеро очекуваме рекордна посетеност од сите граѓани на Р.Македонија, изјави Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Ресен

conekt 8
Покрај плажата, рибниот ресторан, дискотеката, во склоп на Connect Beach има 2000 паркинг места, бесплатен паркинг за моторциклистите, и паркинг за велосипедистите. Доколку за летово ги немате направено плановите за летовање,  домаќините велат дека нема да згрешите ако поминете неколку денови во Сливница.