Свечено отворена Хајдар-кади џамија

0
2889

По долг период денеска повторно се слушна молитва во џамијата Хајдар- кади во Битола. По реставрацијата и реконструкцијата на овој верски објект со петочната молитва се одржа свеченото отворање.Дворот на џамијата преполн со верници. Присуствуваа и голем број на државници од Турција. На свеченото отварање на минарето од џамијата развеано албанското знаме. На ова реагираше советникот од општина Битола Иса Ибуш

petok-still003

-Ова е еден вид провокација, бидејќи таму требаше да стои знамето од припадниците на исламската вероисповест. Мислам дека ова е тенденциозно и намерно направено пред отварањето на оваа џамија. Оваа е принцеза на Балканот, и на овај начин се нарушуваат меѓуетничките односи со македонскиот народ и со турската заедница на овие простори, изјави Иса Ибуш советник од општина Битола

petok-still002

Објектот претставува куполна градба, опколена со масивни ѕидови со дебелина од 1,4 метри. Оваа џамија е единствена во регионот со отворен трем и имала две минариња. Според записите, џамијата била реставрирана во 1890 година и уште еднаш во 1910 година, пред посетата на султанот Решад. Од 1945 година во неа не се изведувале верски обреди.

petok-still004
Хајдер-кади џамија во 2006 година е вратена на Исламската верска заедница.

Според инскрипицијата на камениот натпис над главниот влез Хајдар-кади џамијата била изградена во 1561-1562 година. Објектот е дело на отоманскиот архитект Минар Синан, познат како Микеланџело од Блискиот Исток, чии ремек-дела се и Сулејмановата џамија во Истанбул и Селимовата џамија во Едрене.

petok-still005

Битолското муфтиство на исламската верска заедница со помош на Генералната дирекција за фондации на Република Турција ја направија реставрација на џамијата. Финансиската пресметка за реставрацијата е 2,5 милиони евра, донација од Генералната дирекција на Вакуфи од Турција, а реставрацијата според старата неимарска традиција ја изврши специјализираната компанија “Догуш“ од Анкара.