Свеченост по повод приемот на 125 професионални војници во АРМ

0
282
Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одржи свеченост по повод приемот на новите 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Македонија.

На свеченоста, како што е најавено, ќе присуствува министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски и претставници од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.