Свеста кај младите ќе ја подигне заштитата на лични податоци

0
359

Речи си и да нема ученик кој нема сопствен профил или не користи интернет. Но голем дел од нив не знаат каде да пријават ако нивните лични податоци нелагално се користат.Фотографиите на фејсбук не ретко се искористени за други цели.Најмогу се злоупотребуваат сликите на средношколците. Од 328 преставки кои стигнале до дирекцијата за заштита на лични податоци дури 203 се однесуваат на злопуотреби на фејсбук и твитер. Токму од Дирекцијата за заштита на личните податоци велат дека луѓето треба сами да внимаваат. Голем број граѓани се обратиле до Дирекцијата за заштита на личните податоци поднесувајќи претставка или едноставно барајќи мислење тоа дали е злоупотреба барањето фотокопија од нивната лична карта или пасош од страна на институции, банки или слично.

dimitar

Димитар Ѓеорѓиевски, директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци, вели дека тие работат по материјален Закон за заштита на личните податоци, тие не советуваат податоците да не се даваат туку работат на обработка на личните податоци.

Бројот на злоупотреби на социјаните мрежи од в година во година е се поголем. Дирекцијата за заштина на лични податоци преку едукација на учениците, родителите и наставниците се обидува да го намали ризикот и бројот на злоупотреби.

Ѓеорѓиевски,додава дека сите лица посебно малдите, средношколците, студентите, и другите возрасти треба да ја подигнат свеста и да знаат како треба да раководат со своите лични податоци.

Злоупотребата на лични податоци е кривично дело казниво со закон. Лицата кои на било каков начин ги злоупотребиле податоците на граѓаните може да заработат казна од 500 до 4000 евра.

Без коментари

LEAVE A REPLY