Света Гора не го прими Ципрас затоа што е „антихрист“

0
416

Управата на Света Гора одби да го прими премиерот на Грција Алексис Ципрас во официјална посета, кој в среда требаше да разговара со раководството на Света Гора.

Ципрас требаше да ги посети манастирите и да се состане со вселенскиот патријарх Вартоломеј, пишува денес конзервативниот атински весник Катимерини и напомнува дека во донесувањето на оваа одлука учествувале и српски монаси.

Светата заедница – врховно управно тело на Света Гора, на бурниот состанок реши в понеделник да не го прими Ципрас во официјална посета и да не му ги укаже почестите предвидени со протоколот како премиер, туку му порача дека на Атос може да дојде само како „приватно лице“, како обичен аџија, пишува весникот.

Причина за оваа одлука е мислењето на свештениците на Света Гора дека не може да примат премиер што „прогласил дека е атеист“ и кој носи закони и спроведува политика што „го погодува православјето“.

www.mkd.mk

Без коментари