Светска премиера на Јулие Цезар во Битола

0
296

Американската театарска компанија „Лит Мун“ од Санта Барбара, Калифорнија, во Битола ја изведе светската премира на претставата „Јулие Цезар“ во режија на Џон Блондел.

Според Блондел, одлуката на американската театарска компанија премиерата на „Јулие Цезар“ да ја изведе на „Битола Шекспир фестивал“ е резултат на потврдената соработка меѓу Битолскиот и театарот „Лит Мун“ и високиот квалитет на битолскиот фестивал.

– Нашата светска премиера на претставата „Јулие Цезар“ воедно претставува континуитет на претставата „Антоние и Клеопатра“, што ја режирав во Битолскиот театар. Оваа претстава се фокусира на еден дел од Римската империја во која одлуките на неколку луѓе што тогаш владееја со империјата го втурнаа светот во една катастрофа. Ова шекспирово дело е големо според приказната и карактерите на личностите во делото и овој проект заедно со „Антоние и Клеопатра“ и уште еден нов трет проект, како единствен театарски производ ќе бидат изведени и претставени во месец ноември во Калифорнија како еден т.н. „Санта-Битола Театар“, истакна Блондел.