Светски ден на бегалците

0
421

Светот денес го одбележува Светскиот ден на бегалците.Бројот на луѓе кои се раселени од конфликти е на највисоко ниво забележано во историјата, нотира во најновиот извештај УНХЦР.

Според проценките, 65.3 милиони луѓе се или бегалци, или баратели на азил или биле раселени во светот, што претставува еден на секој 113-ти во светот.

А токму овие бројки, објавени по повод Светскиот ден на бегалците, УНХЦР стравува дека се под облакот на ксенофобијата, кога крајно-десничарите и политичарите националисти, добиваат се поголема популарност зборувајќи против бегалците.

Преку половина од вкупниот број, доаѓаат од три земји, Сирија, Авганистан и Сомалија.

Според УНХЦР, 86 отсто од бегалците во светот се распределени во земји кои не се економски најподготвени за тоа. Најмногу бегалци има во Турција, околу 2.5 милиони, а потоа во Пакистан и Либан.

Германија, САД па Шведска се трите земји кои добиле најмногу апликации од азилобарателите.

И Турција според бројките би била овде, но бидејќи повеќето од сириските бегалци во Турција се под привремената безбедносна програма на турската влада, тие не се сметаат за азилобаратели.Меѓународната невладина организација за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) ја повика ЕУ да престане да враќа сириски бегалци во Турција, истакнувајќи дека не постојат гаранции на правата на бегалците во земјата.

Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) по повод Светскиот ден на бегалците – 20 Јуни денеска ќе организира меѓународен семинар „Соработка и добро раководење на бегалската криза во Западен Балкан и централноевропските земји“.

Целта на организаторот е да се солидаризира со бегалците и симболично да потсети на нивното движење со велосипеди по автопатот од јужната граница до Табановце на почетокот на бегалската криза.Во 2015 и 2016 година светот се соочи со една од најголемите бегалски и хуманитарни кризи.