Светски ден на слободата на медиумите

0
441

Денеска е Светски ден на слободата на медиумите, а новинари и активисти за правата на медиумите во рамки на Комисијата за заштита на новинарите ќе се сретнат во Хелсинки.  Според Комисијата, во моментов во светот се притворени околу 200 новинари.

Според листата на Репортери без граници, Македонија се наоѓа на 118-то место, заедно со Мали, Обединетите Арапски Емирати, Таџикистан, Алжир, Авганистан.

Глобалната слобода на медиумите е на најниско ниво последнава деценија, се вели во најновиот годишен  извештај на Фридом хаус, што опфаќа 199 земји и територии.

Додека целиот демократски свет го слави денот на слободата на печатот, ние дојдовме пред затворот во Шуто Оризари затоа што неговата симболика најдобро зборува за нашата неслобода, рече денес Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

„Зад овие ѕидини е притворен новинарот Зоран Божиновски, поради неосновани обвиненија. Неговата единствена вина е што имаше храброст да пишува за грдото лице на власта, за нејзините лаги, криминал и неморал. Тие што Македонија ја претворија во Големо уво не можат да обвинат други за шпионирање. Амнестираните за криминал не можат да вперат прст против други за наводно злосторничко здружување. Со кој образ оваа власт може да обвини новинар за уцена, кога владеат единствено преку уцени и притисоци“, рече Селмани.