Светски искуства за развој на претприемништвото во Пелагонија

0
504

Со цел вмрежување и промоција на постоечките актери и начини за поддршка и развој на претприемништвото во Пелагонискиот регион, како и креирање на нови идеи и политики за функционирање во иднина денес се одржа панел дискусија на тема „Како да се развива претприемништвото во Пелагонискиот регион?“. проф. Мајкл Голдберг, ги пренесе светските искуства и совети како им помогнал на различни екосистеми од САД, преку Европа, се до Африка и Азија.
Настанот е дел од проектот „Зошто да одите во странство, кога може да останете и да инвестирате во вашата земја“ на ЦЕФЕ Македонија во кои што беа видени различни програми кои што го стимулираат претприемништвото во скоро секој регион во Македонија.
Од Цефе Македонија велат дека јаз постои помеѓу лидерите на јавните институции и нивните заложби за поддршка на претприемништвото, актуелните пазарни можности за водење бизнис и потребите и спремноста на претприемачите. Тој јаз е местото во кое има потреба да се работи на креирање на нови програми и процеси кои систематично и мерливо ќе го стимулираат економскиот раст.