Светскиот првак си поигра со Словачка во Лил

0
396

Фудбалерите на Германија ја потврдија фаворитската улога против Словачка и со убедливи 3-0 се пласираа во четвртфиналето.

Актуелните светски шампиони доминираа од почетокот на мечот, а победата ја најавија уште во осмата минута кога Боатенг со волеј удар го совлада Козачик. Словачкиот голман четири минути подоцна успеа даму одбрани пенал на Езил.

Словаците единствената виситнска акција ја изведоа во 42-та минута, Пекарик нафрли од десната страна нафрли, а Нојер со парада го одбрани ударот на Куцка.

Минута по нереализираната шанса на Куцка, Гомез со гол ја заврши акцијата на Дракслер.

Конечниот резултат го постави Дракслер во 63-та минута.

Германија во четвртфиналето ќе игра против победникот од натпреварот Италија-Шпанија.