Светските лидери ја поздравија победата на Макрон

0
390

Светските лидери ја поздравија победата на лидерот на центристичката партија Напред (ЕМ), Еманеул Макрон, кој е избран за нов претседател на Франција со освоени 66,06 отсто од гласовите на вчерашниот втор круг од претседателските избори.

Британската премиерка Тереза Меј меѓу првите упати честитки за победата на Макрон на француските претседателски избори.

– Франција е еден од нашите најблиски сојузници и ние со нетрпение очекуваме да работиме со новиот претседател по бројни заеднички приоритети, стои во соопштението на Меј.

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јунер на неговиот Твитер налог напиша „Среќен сум што Французите ја избраа европската иднина“, додека претседателот на Европскиот совет Доналд Туск ја поздрави одлуката на француските гласачи во корист на „слободата, еднаквоста и братството“.

Исто така, честитки за победата, Макрон доби и од претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани.

Претставник на германската канцеларка Ангела Меркел истакна дека победата на Мокрон е „победа за силна и обединета Европа“.

– Франција беше и ќе остане во центарот и во срцето на Европа, наведе на Твитер германскиот министер за надворешни работи Зигман Габриел, дополнувајќи дека „денеска е убав ден за Франција, за Германија и за Европа“.

Холандскиот премиер Марк Руте го поздрави избирот на Макрон за нов претседател на Франција.

Руте на неговиот Фејсбук профил напиша дека со изборот на Макрон француските гласачи направиле „јасен, прогресивен и проевропски избор, избор за соработка во Европа во сферите во кои е неопходно“.

Од друга страна, холандскиот десничарски популист Герт Вилдерс ја поздрави Марин Ле Пен и покрај загубата во вториот круг на претседателските избори во Франција.

– Добро претставување сепак… милиони патриоти гласаа за вас. Следниот пат ќе победите вие, исто како и јас, наведе Вилдерс на неговиот Твитер налог.

Лидерите на Чешка и Ссловачка исто так му честитаа за изборната победа на Макрон.

– Французите јасно го отфрлија национализмот, популизмот и изолацијата на нивната зема. Повеќето избирачи одлучија дека сакаат претседател што ќе претставува модерна и отворена Франција, изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка.

Словачкиот премиер Андреј Киска упати честитка преку неговиот Твитер налог. – Топли поздрави за Емануел Макрон и народот на Франција. Тоа е победа за сите кои веруваат во Европа, напија Киска.

Шпанскиот премиер Мариоано Рахој изјави дека Франција со новиот претседател Макрон ќе придонесе за зајакнување на единството на Европската унија, во важен момент за неа.

– Макрон – пријател, сосед и стратешки партнер на Шпанија, ќе продинесе активно за напредокот и зајакнувањето на ЕУ, потенцираше Рахој.

Белгискиот премиер Шарл Мишел честиташе за победата на лидерот на центристичката партија, наведувајќи дека Франција и Белгија ќе работат заедно со цел да дадат нов поттик на Европа.

Исто така, победата на Макрон на претседателските избори во Франција ја поздравија и американскиот претседател Доналд Трамп, неговиот кинески колега Си Џинпинг, како и канадскиот премиер Џастин Трудо.

– Поздрав за Макрон за неговата голема победа како иден претседател на Франција. Со нетрпение очекувам да работам со него, напиша Трамп на неговиот Твитер налог.

Си истакна дека Париз и Пекинг споделуваат важна одговорност за мирот и развојот во светот.

– Кина е подготвена да работи со Франција за зголемување на нивото на стратешкото француско-кинеско партнерство. Пекинг и Париз како постојани членки на Советот за безбеднот на ОН имаат особено важна одговорност за мирот и развојот во светот, стои во пораката на Си.

Канадскиот премиер Трудо оствари телефонски разговор со Макрон, при што му честиташе за победата.

За време на разговорот Трудо го увери Макрон дека со нетрпение очекува да работат зедно во текот на наредните години за зајакнување на меѓународната безбедност, соработка во науката и технологијата, како и за создавање на добри работни места за средната класа во двете земји.

Лидерите на Канада и Франција потвридиле дека односите меѓу двете земји се богати и разновидни.

– Канада и Франција оддамна одржуваат топли односи базирани на заедничката историја, длабоките културни и меѓучовечки врски, како и на силното економско партнерство, наведе Трудо при разговорот со Макрон.