Светските лидери во Париз на Самит за климатските промени

0
353

Околу 150 светски лидери денеска се среќаваат во Парис, на Конференцијата за климатски промени, со единствена мисија- да договорат законски ограничување на емисија на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина.

Освен што клучните играчи во светската политика треба да разговараат за овој глобален проблем, Конференцијата ќе биде искористена и за серија тет- а тет средби. За денеска е најавена средба на американскиот претседател Барак Обама и кинескиот Кси Џинпинг, чии земји се и најголеми произведувачи на овие штетни гасови.

Конференцијата започнува под силно обезбедување, поради неодамнешните терористички напади во францускиот главен град, каде од вчера се одржуваат демонстрации против глобалното затоплување. Полицијата вчера употребила солзавец за да ги растера демонстрантите на Плоштадот на Републиката, кои фрлале со чевли, шишиња и со свеќите поставени на ова место во чест на жртвите од 13 ноември.

Демонстрациите продолжиле мирно со поставување редици чевли на демонстрантите на кои биле испишани нивните имиња, во знак на протест што не им е дозволено да го искажат револтот.

Протести по повод денешниот Самит се одржуваа во над 175 држави во светот, во сите поголеми градови од Сиднеј до Лондон, преку Рио и Њујорк, на кои излегле над 600.000 демонстранти, што воедно претставува најголем број луѓе што во исто време протестирале против климатските промени.

Без коментари

LEAVE A REPLY