Светските шампиони во боречки вештини За-Нед-До, пристигнаа во Битола

0
399

 

Македонскиот WFMC тим, World Fight Sport and Martial Arts’ Council,составен од 16 членови, денес пристигнаа во Битола и беа пречекани од нивните родители, пријатели како и екипата на Тера телевизија.

Македонскиот тим го заврши своето учество на WFMC Светското првенство за 2015, кое се одржа во периодот од 16 до 18 октомври 2015 година во Хаген – Германија, со огромен успех со освоени 27 светски титули.

Академијата за боречи вештини “ЗА НЕД ДО” од Битола која е и официјален претставник за WFMC, во текот на годината имаше изборно првенство на кое учествуваа над 100 потенцијални кандидати. По селекцијата 25 од нив беше предвидено да ја претставуваат Македонија во Хаген, но поради самофинансирање, само 16 обезбедија доволно сретства за учество.

Трократниот светски шампион Дијана Неделковска горда на својот но и успехот на нејзините ученици, ни изјави дека три златни медали на светски првенства и била зацртана цел а после овој медал таа се посветува само на тренирањето на членовите на За-Нед-До.

Ова не е ни мал а ни прв успех за боречките спортови и вештини во Македонија. Имено минатата година од Светското WFMC првенство кое се одржа во Умаг – Хрватска, македонскиот тим од 10 натпреварувачи се врати со 23 светски титули а претходната 2013 година од Светските првенства, македонскиот тим од 4 натпреварувачи се врати со 7 светски титули.

Овие вистински амбасадори на Македонија за три години на македонскиот спорт му донесоа вкупно 57 светски титули.

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY