Свински грип, AH1N1 или друг сезонски грип

0
733

Како што веќе информиравме четворица битолчани починале од грип на инфективното одделение во клиничката болница .Тројца биле повозрасни пациенти, кои имале и други заболувања, а четвртиот бил на возраст од 29 години и починал на скопските клиники, каде што бил испратен поради настанати компликации.

Центарот за јавно здравје од Битола заради немање на официјална потврда од Скопје, не располага со информација дека четирите лица починале од грип.

Овие информации предизвикаа лавина реакции на социјалните мрежи. На многумина не им е јасно од што починале четирите лица, дали 29 годишниот битолчанец починал од свински грип и како е возможно во денешно време да умираат луге од грип.

-Оваа недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ се пристигнати 12 материјали тестирање за присуство на грип. Од нив 5 материјали се тестирани позитивни (41,7%), од кои 3 материјали се Influenza A(H1N1)pdm09 и по еден е Influenza A – нетипизиран и Influenza B.Во сезоната 2015/2016 од досега пристигнатите 57 примероци, 8 (14,0%) се позитивни на присуство на вирусот на грип (3 се A(H1N1)pdm09, 3 – Influenza A – нетипизирани и 2 – Influenza B), изјави др. Тони Коњановски, Центар за јавно здравје-Битола

Денеска пак од Институтот за јавно здравје на Република Македонија за порталот Нетпрес велат дека досега во Институтот немаат добиено информација ниту за во Битола, ниту пак за било каде во Македонија дека некое лице починало од грип.Како што појаснуваа од таму станувало збор за лица кои што претходно имале влошена здравствена состојба.

Во однос на прашањето дали во Македонија во моментов е забележано присуство на т.н. свински грип, од таму уште еднаш појаснуваат дека свински грип за последен пат кај човек бил регистиран во 1972 –та година во САД, и дека такво нешто не постои, а дека во моментов е присутен вирусот од типот AH1N1, кои како што велат бил поттип на сезонски грип.

Вакцината против грип ги покрива сите тие поттипови на грип, како и вирусот од типот AH1N1 и дека простор за паника нема.

Во Република Македонија според информацијата на Центарот за јавно здравје во текот на 5-тата недела од 2016 година најголем број на лица заболени од грип има во Струмица – 1072, потоа Прилеп-1013, па Куманово-853, и Битола-711.