Свирепо убиство во Битола

Свирепо убиство во Битола

0 4407

Сопругот на 47 годишната Е.Д. која што вчера беше убиена во Битола е осомничен дека го извршил убиството. Полицијата соопшти дека тоа е направено на свиреп начин со удари со тврд предмет по главата. Против него е поднесена кривична пријава.

– Делото го направил на крајно свиреп начин и тоа со повеќе удари со тапо тврдо средство, најверојатно сукало кое го имал дома и нанел на жртвата смртоносни повреди во пределот на главата. Пријавениот вчера околу 9.50 часот се јавил во СВР каде пријавил дека во нивниот семеен дом ја пронашол неговата сопруга, сега починатаа Е.Д 47 години падната на подот во дневната соба целата облиена во крв, во горниот дел особено во пределот на главата, без знаци на живот, изјави Сања Стаматова портпарол на СВР Битола.

Екипите на СВР Битола и Јавното обвинителство излегле на лице место каде што го пронашле телото на подот без знаци на живот. Смрта ја констатирале лекарите од итната медицинска помош.

-Во станот освен тековните растурања од страна на семејството не се забележани растурања од евентуален упад на лица со материјален мотив за вршење на кривичното дело при што забележано е и укажува на тоа дека во станот се наоѓаат повеќе предмети како мобилни телефони, компјутери и друго . Од страна на крим техника не се констатирани траги од насилно влегување во домот, при што подигнати се и испратени на вештачење повеќе траги и предмети во МВР, како и земена е и комплетната облека на пријавениот, кај која се забележани траги слични на крв во долниот дел на облеката , кои упатуваат и оставаат сомнеж како можен сторител, додаде Стаматова

Од Обвинителството до судија на претходна постапка доставен е предлог за определување на мерка притвор за 53 годишниот ИД поради сомнеж дека поради претходно нарушени меѓуебни односи битолчанецот ја убил својата сопруга.

 

Коментарите се затворени.