Свлечиште на патот Битола-Ресен

0
1740

Битолската подружница на ЈП „Македонија пат“ работи на  чистење на свлечиштето што утрово се појави на регионалниот патен правец Прилеп-Битола-Ресен, односно на делницата А-3 (73+300).

„ Очекуваме до понеделник да заврши расчистувањето на свлечиштето од земјен и камен материјал. Свлечиштето ќе се смири со престанокот на дождот “истакна Спасевски.

Според раководителот на оваа подружница Веселинчо Спасевски, неопходно потребно е да се направи проект за трајно решение на овој проблем кој го загрозува сообраќајот на овој регионален патен правец.

АМСМ соопшти дека на патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км поради свлечиште патот е во прекин во двата правца. Како алтернатива сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.

фото: архива

Без коментари

LEAVE A REPLY