Свлечиште срамна со земја цел град, 25 загинати

0
231

Дваесет и пет лица го загубија животот, а стотици се водат за исчезнати, откако рид се урна врз град во периферијата на Гватемала Сити.

Обилните дождови предизвикаа лизгање на тони земја, дрвја и камења врз градот Санта Катарина Пинула, кој се наоѓа во долината во близина на главниот град на Гватемала.

Свлечиштето ги срамни со земја куќите на жителите во овој град, а тие се евакуирани и во моментов живеат под ведро небо.

Тие стравуваат од зголемување на бројката на загинати, бидејќи над 600 луѓе се исчезнати под урнатините.
На терен има десет спасувачки екипи кои трагаат по исчезнатите под тоните земјиште.