Sweet rapscalions во нов состав повторно на сцена

0
251

Битолчаните Sweet rapscalions негуваат уникатен музички стил инспириран од авангардните движења во популарната музика од доцните 70-ти и раните 80-ти години на минатиот век. Се работи за мрачен роматичарски израз сместен во вешто исткаен амбиент од битови, теми и семплови во кои пулсира атмосферата на дваесеттиот век, од неснимените сонови на Кафка преку ноар-филмовите до индустријал и авант-поп естетиката.

После повеќе настапи низ Македонија, се враќаат на домашен терен во нов состав.

Оваа година независната издавачка куќа „Шарла“ како свое осмо издание го објави деби албумот „Stereo memory (Live at Канал 103)“ на Sweet Rapscallions. Станува збор за 6 песни изведени и снимени во живо во рамките на емисијата „Ако никој не свири“ на Музичкото радио Канал 103.

 

Без коментари