СЗО предупреди на најсмртоносните болести

0
302

Светската здравствена организација предупреди на незаразните болести кои се најголема причина за смртноста во светот. Во документот се наведува дека е неопходна итна акција за справување со проблемот. Незаразните болести секоја година убиваат 40 милиони луѓе, од кои 15 милиони се на возраст од 30 до 70 години. Над 80 насто од нив спаѓаат во категоријата „предвремени“. Најголем број животи однесуваат кардиваскуларните болести, скоро 18 милиони годишно, по што следи ракот со околу 9 милиони, пишува Радио Слободна Европа.

Без коментари