Таа е пион на заткулисни интереси на повеќе земји

0
295

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж ги демантира тврдењата на Демократската партија и кандидатката на изборите за претседател н САД Хилари Клинтон дека зад објавувањето на спорните мејлови стои руската Влада.

Асанж во интервју за Раша тудеј кое ќе биде емитувано в сабота, рече дека во таборот на демократите има хистерија дека Русија е одговорна за се.

-Хилари Клинтон неколку пати изјави дека Русија е извор на нашите објави. Не е точно- може да кажеме дека руската Влада не е извор., вели Асанж во интервјуто снимено во АМбасадата на Еквадор во Лондон, каде с енаоѓа веќе 4 години.

Асанж ја обвини Клинтон дека е пион на „заткулисни интереси“ и изрази сомнеж во нејзината физичка способност да биде претседател.

– Хилари Клинтон е само една личност. Всушност жал ми е за неа како личност бидејќи гледам некого кого го изела неговата сопствена амбиција, буквално измачена е до болест, како што е на пример несвестица, а тоа е последица на туркање на амбициите. Но она претставува цела мрежа на луѓе од одредени земји, изјави Асанж.

Викиликс последниве девет месеци објави над 30.000 мејлови од приватната адреса на Хилари Клинтон која ја користела додека била државна секретарка.