Тачи се сомнева дека неделава ќе има лидерска средба

0
469

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи не верува дека неделава ќе биде одржана лидерска средба.

Тачи смета дека таквата средба би била несериозна. Нема што да се понуди за излез од кризата, додава Тачи.

„Странците 4 месеци не успејаа да не седнат на заедничка маса, зошто сега би се одржала таква средба, кога ставовите на политичките партии за многу прашања останаа исти. Политичката криза е виртуелна. Во Македонија имаме меѓуетничка криза. Решението за оваа криза го гледам во договорот меѓу Македонците и Албанците која е дел од платформата на ДПА. Некои не прашуваа зошто толку време не можете да ја имплемнтирате таа платформа. Затоа што ДПА сака оваа платоформа да ја имплементира по демократски пат во рамки на институциите“ – вели Тачи.

По традиционалната ифтарска вечера која ДПА ја организира во Тетово, Тачи  истакна дека решението за излез од политичкиот ќорсокак е долгорочно.

Според него, треба да се формира широка коалициона влада, но министерските места кои би припаднале на албанските партии, да бидат поделени подеднакво на ДУИ и ДПА.

Ваквата влада би требало да го организира пописот кој би гарантитал за прочистен избирачки список.