Тајфун го парализираше Тајван, најмалку четворица загинати

0
193

Најмалку четворица луѓе загинаа во тајфунот што го погоди Тајван, трет овој месец, при што откорнати се дрвја, а милиони луѓе останаа без напојување со електрична енергија.
Повеќето училишта и канцеларии се затворени, а патничкиот воз што го поврзува северот и југот на островот го прекина сообраќањето заради тајфунот Меги, што дува со брзина од 160 километри на час.

Островската метеоролошка служба најави дека не се очекува подобрување на временската состојба до среда попладне.

Стотици меѓународни летови се откажани или одложени, додека железничкиот сообраќај се очекува да биде воспоставен во среда попладне.