„Тајфун во портокалово“ ги збриша полските одбојкарки

0
877

Холандија – Полска 3:1 (25:16, 23:25, 25;16, 25:16)

Во убава атмосфера пред 4000 гледачи, последното четвртфинале донесе атомска одбојка од највисоката селекција на шампионатот, новиот гигант Холандија.  Водени до трофејниот италијански стручњак, Џовани Гуидети репрезентативките на Холандија си поиграа со Полска и најавија големо враќање на холандската одбојка, овој пат во женска конкуренција. Против Полска првиот сет  беше застрашувачка најава што ја очекува конкуренцијата. Со 6 директни поени на Де Крујф и 5 на Бијс, првиот сет беше симултанка во „портокалово“. Но во вториот сет се играше поен за поен и во такво темпо, повеќе концентрација имаа полските одбојкарки, кои на крајот со помош на технологијата ја искористија првата сет топка и израмнија на 1:1. Бендарек-Кажа со 6 директни поени, вклучувајчи го и одлучувачкиот беше најзаслужна за изедначувањето. Неприминлив беше холандскиот блок во третиот сет, а и се разигра Слетјес, па домашната селекција го доби овај период од играта со 25:16. Исто како и третиот изгледаше и четвртиот сет во кој девојките на Гуидети ги „збришаа противничките и со победа од 3:1 обезбедија полуфинале против Турција. Токму во земја селекторот на Холандија, два пати стана европски првак со Вакифбанк од Истанбул.