Тајните разговори на Клинтон и Блер за Леди Дајана

0
590
Embargoed to 0001 Tuesday December 1 File photo dated 27/05/97 of Diana, Princess of Wales, who has been named as one of the most influential woman of all time, according to an Opinium poll of 2,004 adults commissioned by Scottish Widows.

Во серијата повици само неколку часа по нејзината смрт, поранешниот британски премиер Тони Блер (63) на тогашниот американски претседател Бил Клинтон (69) му рекол дека принцезата Дајана е „ѕвезда што паѓа“, како и дека постои некоја „матна работа“ околу нејзината смрт.

Пред речиси 20 години, поранешниот британски премиер и американскиот претседател во разговор откриле дека се загрижени за иднината на принцевите Вилијам и Хари.

Транскрипт од телефонски повици од 1997 година го открива прилично блискиот однос помеѓу двајцата лидери, уште  пред Блер да дојде на власт, јавува „Би-би-си“.

По смртта на принцезата Дајана во август 1997 година, Тони Блер му се јавил на американскиот претседател и му признал дека принцезата „лично ќе му недостига“, а понатаму во разговорот наведува дека таа е како „ѕвезда што паѓа“ и додал дека таа била ѕвезда за сите нив.

Клинтон му изјавил сочувство на Блер поради смртта на Дајана, а Блер му одговорил „Тоа е матна работа, многу матна работа“.

Клинтон : „Грозно е навистина. Во моментот сме во Мартас Винјард на одмор и овде има многу луѓе кои ја познаваа“.

Блер : „Се видовме пред неколку недели кога ручавме заедно со принцот Вилијам, тој е сјајно момче“.

Клинтон: „Да, навистина се грижам поради тие деца“.

Блер: „Беше толку стабилна фигура, во смисла што децата ја поврзуваа со надворешниот свет.Постариот, принцот Вилијам е многу сличен како неа, стои со нозете на земја, ги прави оние работи кои ги прават децата на негова возраст.“

Клинтон: „Толку ми е жал за неа. Само што не му се врати на својот живот.“

Блер:„ Проблемот беше во нејзиниот начин на живот, со медиумите кои постојано и беа над глава.. Не е можно да се размислува за тоа колку беше наметлива во секој аспект на својот живот. Последен пат кога разговарав со неа ми рече дека да не се нејзините синови, одамна не би била тука. Целта држава е во чудо.“

Подоцна по тој разговор, Блер и Клинтон разговарале за деталите во врска со сообраќајната несреќа во која загина принцезата Дајана. Претседателот Клинтон го прашал Тони Блер дали телохранителот преживеал и што се случило со папараците. Блер за возачот кажал дека наводно пиел.

Клинтон: „Од тоа се плашев. Папараците ги бркале?“

Блер: „Тргнале по нив откако го напуштиле хотелот, но се уште не можам да поверувам дека репортерите толку брзо оделе зад нив. Невозможно е да се движеле толку брзо, го познавам Париз. Не можеле да возат со таа брзина низ тунелите. Мора да се удриле во нешто на патот, да се превртеле и да удриле во ѕид.“

Клинтон:„Сето ова е многу тажно.“ објавува Плус инфо.

Либискиот лидер во февруари 2011 му предочил на британскиот премиер дека неговото соборување би „ја отворило вратата“ за џихадистите

Моамер Гадафи го предупредил Тони Блер во два напнати телефонски разговори во 2011 година дека неговото отстранување од либиското раководство ќе отвори простор Ал каеда да преземе контрола врз земјата, па дури и да изврши инвазија на Европа.

Транскриптите од разговорите се објавени во согласност со Блер, од Селективната комисија на Велика Британија за надворешни работи, која спроведува истрага во врска со западните воздушни напади кои доведоа до соборување и убиство на Гадафи, во октомври 2011 година.

Во двата разговора, поранешниот британски премиер го молел Гадафи да се држи настрана или да стави крај на насилството. Транскриптите откриваат јаз во разбирањето помеѓу Гадафи и Западот, околу тоа што се случувало во неговата земја и природата на закани со кои се соочувал.

Во првиот повик, во 11.15 часот на 25 февруари 2011 година, Гадафи упатил предупредување кое делумно произлегува од идни настани: „Тие (џихадистите) сакаат да го контролираат Медитеранот, и тие ќе ја нападнат Европа“.

Во вториот повик, во 15.25 часот истиот ден, либискиот лидер вели: „Ние не се бориме против нив, тие не’ напаѓаат. Сакам да ви ја кажам вистината. Тоа воопшто не е тешка ситуација. Приказната е едноставна: една организација поставува спиечки ќелии во северна Африка. Се нарекува организација на Ал каеда во Северна Африка… Спиечките ќелии во Либија се слични на латентните ќелии во Америка пред 9/11“.

Гадафи додаде: „Јас ќе морам да ги вооружам луѓето и да ги подготвам за борба. Ќе гине либискиот народ, штета ќе има на Медитеранот, Европа и целиот свет. Тие вооружени групи ја користат ситуацијата (во Либија) како оправдување – и ние ќе се бориме против нив“.

Три недели по разговорите, коалицијата предводена од НАТО, во која учествуваше и Велика Британија, почна со бомбардирањата кои доведоа до соборување на Гадафи. Тој конечно беше соборен од власт во август, и убиен од противниците на неговиот режим во октомври.

Во еден момент во разговорите Гадафи побарал Блер да отиде во Либија за да види дека во Триполи нема насилство, и ја држел слушалката до ТВ екранот, за да може Блер да слушне како луѓето ја искажуваат нивнатаподдршка за Гадафи на улиците.

Блер изјави дека решил да дејствува како посредник поради контактите што ги имал со Гадафи кога беше премиер. И Вашингтон и Лондон знаеле за неговите телефонски разговори со Гадафи, изјави тој.

За време на разговорите, Блер сугерираше дека тој би можел да издејствува мирен излез за Гадафи ако тој се согласи да ја напушти земјата. Обраќајќи му се како лидер, Блер, исто така, инсистирал дека нема обид да се колонизира Либија. Гадафи рекол дека тој мора да се спротивстави на колонизација, инсистирајќи: „Тука нема ништо. Нема борба, нема крвопролевање. Дојди, види сам“.

Блер побарал од Гадафи да му даде телефонски број за да може итно да го контактира, и го преколнувал да „направи нешто што овозможува да започне процесот, да се стави крај на крвопролевањето, да се донесе нов устав“ .Тој му рекол на Гадафи дека ако ги даде вистинските изјави, стави крај на насилството и ја намали политичката температура, ќе биде можно да се натераат САД и ЕУ да се воздржат од мешање.

„Ако имаш безбедно место да заминеш треба да одиш таму, бидејќи тоа нема да заврши мирно, и мора да има процес на промени; тој процес на промени може да се управува и треба да најдеме начин да го управуваме“, рече Блер. „САД и ЕУ се во тешка позиција во моментов, и јас треба да им вратам нешто што ќе гарантира дека ова ќе заврши мирно“. (Гардијан) пишува утрински.