Таки Фити нов претседател на МАНУ

0
835

Академик Таки Фити е избран за претседател на Македонската академија на науките и уметностите. За потпретседатели на МАНУ се избрани академик Луан Старова и академик Владо Матевски

– Со оглед на тоа што четиригодишниот мандат на сегашното Претседателство на Академијата истекува на 31 декември 2015 година, во согласност со Законот за МАНУ и Статутот на МАНУ Собранието на Академијата и одделенијата на Академијата на денешната седница избраа претседателство, се вели во  соопштението од МАНУ.