Таксист ограбил британски државјанин

0
1075

На 08.08.2017 година, во 13,10 часот во Полициска станица Центар Н.А.(59) од Велика Британија, пријавил дека истиот ден околу 02,30 часот, на ул. “Владимир Полежановски“ од страна на непознат такси возач изреволтиран бидејќи Н.А. не му дал повеќе пари од предвиденото, од рака му го грабнал паричникот во кој имало 400 евра и златното ланче од вратот, стекнуваќи се со против правна имотна корист од околу 60.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Без коментари