Талат Џафери избран за претседател на Собранието

0
1441

Парлментарното мнозинство предводено од СДСМ со 61 глас „За“ го избра Талат Џафери од ДУИ за нов претседател на Собранието.

Во тензична атмосфера, првин Горан Мисовски од НСДП го повика Ферид Мухиќ како најстар пратеник да ја стави точката на дневен ред за избор на претседател на Собранието, а потоа стоечки, додека се скандираше „пуч“ и „државен удар“ од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, 62 пратеника од СДСМ, ДУИ, АА и ДПА со кревање рака го изгласаа Талат Џафери за претседател на Собранието.

Потоа Џафери даде заклетва и се потпиша и потоа му честитаа пратениците од мнозинството. Изборот на претседател на Собранието помина без инцидент.