Талески денес во Скопје

0
642

Вистината е на наша страна и убеден сум дека овие луѓе во апелација ќе ја согледаат вистината и ќе донесат права мерка, изјави битолскиот градоначалник Владимир Талески по излегувањето од Апелацискиот суд во Скопје каде се разгледува неговата жалба за укинување на мерката домашен притвор, донесена на предлог на Специјалното јавно обвинителство.

„Немаме направено ништо со што сме се огрешиле пред законот. Немаме направено никаков прекршок. Не може од еден телефонски разговор што го водат некои двајца луѓе за некој трет, овој третиот да одговара“, изјави Талески кој од судот излезе во придружба на двајца полицајци.

На прашањето дали тој ги потпишува документите за општината Талески рече дека тој освен мерката домашен притвор нема никаква друга забрана.

Талески е веќе 60 дена во куќен притвор за случајот „Транспортер“ за цената на превозот за учениците што општината го плаќа.

мкд.мк