Талески ги отфрли обвинувањата на СЈО за криминал во општината

0
1388

„ Не сме криминалци и не работиме криминално. Се што сме правеле е согласно законот и нема да дозволиме да не прават криминалци“ вака попладнево возврати на прес конференција градоначалникот на Битола Владимир Талески на обвинувањата на СЈО за криминал во организрањето на превозот на учениците во Битола.

„ Овие скапо платени луѓе кои на прес конференција не обвинуваат за криминал, барем 10 проценти да работеа чесно како што ние работиме“ рече Талески и додава дека од моментот кога ја обвинија општината за наводна несоработка со СЈО, за него станало јасно дека нивните намери не биле чесни.

„ Општина Битола доби надлежност да спроведе групна јавна набавка за организирање бесплатен превоз на ученици и таа ја извршивме со согласност на сите директори на училиштата. Согласно Закон, до општината доаѓаат блок дотации, општината ги трансферира до училиштата, а училиштата врз основа на потпишан договор со превозниците вршат плаќање на услугата и тука нема ништо спорно“ вели Талески.

Тој прашува зошто тоа се прави само како што рекоа на прес конгференцијата, против претседателот на комисијата за јавни набавки кога во таа комисија членувата и други луге? Тоа го прават заради тоа што претседателот на таа комисија е перфектен професионалец“ рече Талески.