Талески го потпиша заклучокот за неприфаќање на стратегијата за бегалци

0
2204

Градоначалникот на Општина Битола, д-р Владимир Талески, денес на 16.08.2017 го потпиша Заклучокот за објавување на заклучокот за неприфаќање на Нацрт – стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2017 – 2027 и Националниот Акционен План произлезен од стратегијата, донесени од Владата на Република Македонија. Заклучокот е донесен на Седница на Советот на Општина Битола, одржана на 11.08.2017, истиот стапува на сила и ќе биде објавен во Службен гласник. На овој начин, Општина Битола потврдува дека не ја поддржува Нацрт – стратегијата за интеграција на бегалци и странци во Република Македонија 2017 – 2027 и акциониот план кој произлегува од неа, како и било какви други активности поврзани со истите, кои би се реализирале во Република Македонија, а особено не поддржува активности во оваа област на подрачјето на Општина Битола, стои во соопштението од општина Битола

Без коментари