Како функционираше општината додека беше во куќен притвор

0
981

– За време на моето отсуство немаше ни ден застој во работењето на општина Битола. Многу луѓе тука си правеа полемики, па дури ги предизвикаа од СЈО да дојдат уште еднаш и да проверат што работиме, иако и тие го имаа истото решение. Значи, ви тврдам дека апсолутно во изминатите три месеци немаше никаков застој во делот на проектите и на реализација на програмата изгласана од Советот на Општината. Целата администрација будно, 24 часа, беше во контакт со мене, јас комуницирав со нив. Се разбира, комуницирав и со голем дел од изведувачите. Долг е списокот на завршени проекти но и на други кои што се работат во моментот. Ќе го видиме и проектот во касарната, во ИЗ Жабени,изјави Владимир Талески градоначалник на Битола