Талески на распит во Кривичниот суд во Скопје

0
1022

Битолскиот градоначалник Владимир Талески денеска беше на распит во Основниот суд Скопје 1. По распитот Талески не даде изјава за новинарите.

Тој денеска беше на распит за барањето на Специјалното јавно обвинителство за притвор поради сомневање за сторено кривично дело „проневера на пари“ и „злоупотреба на службена должност“.

Талески заедно со уште 22 лица е осомничен во предметот „Транспортер “ кој неодамна го отвори Специјалното јавно обвинителство по индиции кои произлегуваат од прислушуваните разговори што лани ги објави опозицијата.

Барањето за притвор на СЈО е одбиено од Кривичниот совет и е определена мерка претпазливост.