Талески на средба со претседателите на Урбаните Заедници

0
394

-Традиционално се собираме со претседателите на месните и урбаните заедници. Без овие луѓе голем дел од програмата би бил поинаков и немаше да го реализираме до крај. Нивната помош ни е многу важна и драгоцена. Барањата кои доаѓаат до општината се директно од нив. Откако ќе се изгласа програмата на Советот обезбедуваме финансиски средства од општинскиот буџет или други извори, но најважно е колку што можеме да ги реализираме нивните барања. 2015 година беше тешка година за сите нас. Сепак, голем дел од нашите проекти ги реализиравме, но оваа година очекуваме многу повеќе од тоа, затоа што се отворија друг вид на можности и сето она што им го ветувавме на граѓаните во предизборната кампања и за време на кампањата за локалните избори, очекуваме во 2016 година да го финализираме, така што нивната помош и соработка, навистина ни е многу значајна. Денеска се собираме како дел од долгите јануарски празнувања, да им посакаме на луѓето радост, љубов, среќа, успеси на професионален и семеен план. Нивната помош е голема и при планирањето и на терен. Изминатиот период имавме и средби со граѓаните од кои собиравме идеи кои понатаму ќе бидат дел од нашите програми”, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески

„Како секоја година ние во нашата урбана заедница правиме план и програма, една приоритетна листа на улици и друга инфруструктура која е потребна. Како и секоја година и оваа година имавме успешна соработка. Се што побаравме како приоритет е реализирано. Како на пример пробивањето на улица Широка, делот што излегува над Стрелиште и е големо олеснување за граѓаните, комплетна промена на канализационата мрежа на улицата, остана уште асфалтирањето. Некои работи остануваат да се дозавршат, а се надеваме дека оваа година ќе имаме уште поуспешна соработка”, изјави претседателот на УЗ Тодор Ангелевски.