Талески: Не може со една снимка да се прави политичка хајка

0
1139

По завршување на распитот, Талески рече дека случајот наречен „Транспортер“ за него претставува „наметната постапка“ и дека „не може врз основа на една снимка да се прави ваква политичка хајка“. Во врска со тендерите при избор на превозници, Талески кажа дека се работело за транспарентни постапки и дека тој тоа ќе го докаже во натамошниот тек од кривичната постапка.

Прашан околу информациите дека од куќен притвор ја води општината тој само одговори дека има одлука од Обвинителството која тој мора да ја почитува.