Талески: Нема надминување на дозволените концентрации

0
1872

„ Во изминатиот зимски период преку институциите во општина Битола, главно најголемите загадувачи во општината беа опоменати, со што беа превземени мерки за чистење на нивните оџаци и тоа доведе до намалување на аерозагадувањето во нашиот град. На дневна основа се следи и аерозагадувањето, а со тоа може да се каже и дека во последните два месеци, во Битола има нормална ситуација и нема отстапување од она што е дозволено во рамките на законот. Со реализацијата на пректот за топлификација овој проблем ќе биде надминат“ вели градоначалникот на Битола.