Талески со документ против обвинувањата на СЈО

0
754

Со документ в рака и цитирање на членот 6 од договорот, градоначалникот Талески денеска ги отфрли обвинувањата за кириминал во предметот Транспортер.

„ За направената услуга од страна на извршителот, корисникот на услугата ќе му исплаќа надоместок, врз основа на доставена фактура во рок и цени, во согласност со понудата во тендерската докуметација, која е составен дел на овој договор“  вака стои во членот 6 рече Талески и праша дали можело тие, претседателот на комисисијата или било кој друг да плаќа и дали можеле тие да направат било каква штета?

Ја обвини Фетаи дека направила кривично дело клевета.

„ Кога почувствував на колку начини го изговара моето име,  мојата функција таткото на градот на конзулите,  градоначалникот кој што сега е помилуван, а патем и таа е помилувана, за момент не знам зошто помислив на „Вештерките од Иствик“ и Џек Николсон. Тое е првичниот впечаток“ рече  битолскиот градоначалник.