Талески за кружниот тек кај Ветеринарната станица

0
1980

-Граѓаните кои што живеат во близина на Ветеринарната станица испратија допис до општина Битола. Ние го видовме дописот и кажавме дека ако има некаков проблем треба да провериме. Моментално сега правиме проверка на проектот, бидејќи има реакција од граѓаните кои што живеат во тој дел на градот, јас ги упатив да запрат со активностите и да се препровери проектот. Дали според проектот мора така и дали во делот на зеленилото мора да се влези. Штом се завршат сите проекти, штом се донесе дефинитивна одлука, ќе се продолжи со активностите. Колку за објаснување на граѓаните:Со програмата што веќе ја прифати Советот на општина Битола, ние имаме обврска да реализираме еден споменик во тој дел на градот. Споменикот на Александар Турунџев е веќе готов, и и деновиве треба да пристигне во општината. Идејата беше во центарот на кружниот тек да се постави споменикот на Александар Турунџев. Се надеваме дека надлежните, поточно архитектите, градежните инженери, собраќајната полиција, ќе најдат соодветно решение кое што ќе ги задоволи сите интереси. Доколку има можност да не се навлегува во зеленилото, јас сум да не им се пречи на граѓаните, бидејќи тој дел треба да се заштити. Но од друга страна сум за тоа да ја реализираме програмата која што е прифатено од Советот на општина Битола, изјави д-р.Владимир Талески, градоначалник на Битола.

Без коментари